Еве зошто СМК поднесе кривични пријави против Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров


Дејствијата, спротивни на горенаведените акти, Зоран Заев ги презема спротивно и на писмената изјава дадена пред претседателот на Република Македонија на 17 мај 2017 година како гаранција за доверениот мандат како мандатар за состав на Влада, во којашто потврди дека ниту еден документ, платформа, декларација, акт или дејствие кои би биле спротивни на “унитарноста, суверенитетот, територијалниот интегритет, независноста и мултикултурноста на Република Македонија, уставниот поредок и територијалната целина на Република Македонија, државните интереси, и одлуките што ќе се носат со владеење на правото недоведувајќи ја Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема друга држава“, не можат да бидат услов ниту основа за формирање и дејствување на Владата на Република Македонија!

СМК потсетува дека со преговорите за промена на името на државата и идентитетот на нацијата, Зоран Заев и Никола Димитров вршат повреда на угледот на Република Македонија што е кривично дело казниво по членот 178 од Кривичниот законик, затоа што “јавно ја изложуваат на подбив Република Македонија“.

Со преговорите за промена на името на државата и идентитетот на нацијата, Зоран Заев и Никола Димитров го излагаат на подбив и Македонскиот народ, па и припадниците на заедниците кои живеат во Македонија заедно со него, што е кривично дело казниво по членот 179 од Кривичниот законик.

Зоран Заев и Никола Димитров вршат и кривично дело велепредавство, казниво по членот 305 од Кривичниот законик, затоа што со преговорите за промена на името на државата и идентитетот на нацијата, “со сериозна закана, се обидуваат да го изменат уставниот поредок на Република Македонија“. Изјавата на Зоран Заев дека и по цена на политичката кариера тој ќе договори промена на името на државата и идентитетот на нацијата е сериозна закана за промена на уставниот поредок на државата, бидејќи поттикнува насилство за рекомпонирање на суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија.

Промената на името на државата и идентитетот на нацијата истовремено е признавање на окупација, казниво по членот 306 од Кривичниот законик, затоа што на тој начин Република Македонија се доведува во положба на потчинетост или зависност кон Република Грција. А, тој што ќе признае окупација на Република Македонија или на нејзин одделен дел, ќе се казни со затвор најмалку десет години или доживотен затвор.

Договорот за промена на името на државата и идентитетот на нацијата ја загрозува независноста на Република Македонија, што е казниво по членот 308 од Кривичниот законик, според којшто тој што “ќе ја доведе Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема некоја друга држава, ќе се казни со затвор најмалку пет години.“

Со преговорите за промена на името на државата и идентитетот на нацијата, Владата практично врши “терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, казниво по членот 313 од Кривичниот законик, затоа што со тоа претседателот и членовите на Владата на Република Македонија демонстрираат “намера за загрозување на уставниот поредок и безбедноста на Република Македонија“, што создава чувство на несигурност и страв кај граѓаните.

Преговорите за промена на името на државата и идентитетот на нацијата Зоран Заев и Никола Димитров ги вршат како заговор за кривичните дела од членовите 305 и 311 од Кривичниот законик, со што Зоран Заев и Никола Димитров вршат и кривично дело “здружување заради непријателска дејност“, што е казниво по членот 324 од Кривичниот законик, имено “(1) Тој што создава заговор, банда, група или друго здружение на лица или организација заради вршење на кривичните дела од членовите 305 до 311, 313, 314, 315, 321 и 322 став 2, ќе се казни со затвор најмалку четири години.“ А, “(2) Тој што ќе стане припадник на здружението од став 1, ќе се казни со затвор од една до пет години.“


Видете следно

Силјановска победи во Скопје, а Пендаровски подобар во општините Сарај, Чаир Шуто Оризари, Карпош …

Во првиот круг на претседателски избори во град Скопје победи кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова. …