Еве зошто СМК поднесе кривични пријави против Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров


Сите горенаведени кривични дела, Зоран Заев и Никола Димитров ги вршат со флагрантно кршење на Уставот и законите, како и на меѓународното право со “злоупотреба на службената положба и овластување“ казниво по членот 353 и со “самовластие“ казниво по членот 392 од Кривичниот законик.

СМК укажува дека според членот 353 од Кривичниот законик Зоран Заев и Никола Димитров како “службени лица ги искористуваат својата службена положба и овластување, и со пречекорување на границите на своето службено овластување и со неизвршување на својата службена должност му нанесуваат штета на Македонскиот народ и на граѓаните на Република Македонија во целина. Штетата е голема, а истовремено се врши повреда на правата на друг.

Според членот 392 од Кривичниот законик, пак, Зоран Заев и Никола Димитров прибавуваат за себе право што сметаат дека им припаѓа, иако промената на името на државата и идентитетот на нацијата не се во попис и опис на надлежности ниту на Владата на Република Македонија, ниту на претседателот на Владата на Република Македонија, ниту на министерот за надворешни работи на Република Македонија.

СМК поради сето ова погоре спомнато, му предлага Јавниот обвинител против Зоран Заев и Никола Димитров да предложат мерка притвор и мерка обезбедување на нивниот целокупен имот во Република Македонија и странство, поради опасност од бегство.

Подолго време, Зоран Заев и Никола Димитров даваат изјави кои недвосмислено упатуваат на елементи на основано сомневање за извршени кривични дела против суверенитетот и територијалниот интегритет на државата, во 2017 и 2018 година, иако се под свечена изјава дадена пред Собранието, со којашто се обврзуваат на почитување на Уставот и законите и на суверенитетот и територијалниот интегритет на државата Македонија.

Зоран Заев и Никола Димитров како членови на Владата на Република Македонија, преземаат дејствија санкционирани во Кривичниот законик под главата кривични дела против државата. Во согласност со нивните изјави, евидентен е обидот за промена на името на државата и идентитетот на нацијата, со што е загрозена целокупноста и унитарноста на Република Македонија. Загрозена е независноста на Република Македонија, којашто е доведена во положба на потчинетост или зависност кон странска држава – Република Грција, Република Бугарија и Република Албанија заради промена на името на државата и идентитетот на нацијата – името на Македонскиот народ и името на Македонскиот јазик.

Таа посветеност на Зоран Заев како претседател на Владата на Република Македонија на заговор со премиерот на Република Грција, и на Никола Димитров како министер за надворешни работи на заговор со министерот за надворешни работи на Република Грција, против суверенитетот и територијалниот интегритет на државата и уставното уредување на Македонија, надвор од со Устав и закон утврдените надлежности, ја загрозува унитарноста и државноста и предизвикува штетни последици по животите и имотите на граѓаните, што наведува на најтешко кривично дело против државата – велепредавство.

СМК наведува дека очекуваат јавниот обвинител против Зоран Заев и Никола Димитров да предложи најстрога казна доживотен затвор, конфискација на имотот што во значителна вредност ги надминува нивните законски приходи за кои немаат декларација на потекло и судска мерка забрана на вршење на должности во државната власт поради кривичните дела кои во времето додека биле носители на јавната функција претседател и министер за надворешни работи на Владата на Република Македонија ги сториле против државата и нацијата“, напиша Петров на Facebook.


Видете следно

Силјановска победи во Скопје, а Пендаровски подобар во општините Сарај, Чаир Шуто Оризари, Карпош …

Во првиот круг на претседателски избори во град Скопје победи кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова. …