Европа да се раздели со еврото, ако сака да продолжи напред


Економскaтa елита на светот во лицето на носителите на нобеловите награди по економија се сомневаат во успехот на еврото за во иднина. Дури и нешто повеќе – некои од лауреатите гледаат токму во еврото како коренот на проблемите на европската економија и дека само неговото отстранување може да ги подобри повторно.

„Не можам да замислам реално економски развој со еврото”, вели Џејмс Мирлес, професор по политикономија во Кембриџ. Според него трошоците за одржување на заедничка монетарна унија во времето ќе ги достигнат значително трошоците при евентуалната поделба.

Темата за еврото е една од водечките на годишната средба на лауреатите на Нобеловата награда за економија. Научниците се фокусираа главно на проблемите на вработувањето во земјите-членки на еврозоната.

Според нив – високата невработеност во земјите како Шпанија, Италија и Франција се должи токму на еврото. „Многу луѓе тврдат дека при уривање на еврото банкарскиот систем ќе се сруши и со тоа штетата ќе биде огромна. Тие меѓутоа забораваат дека при калкулацијата со останувањето на валутата треба да бидат вклучени и загубите од невработеноста”, вели Мирлес.

Самата Ангела Меркел, која исто така присуствуваше на семинарот и одржа говор, зборуваше за подобрувања на монетарната заедница.

Токму првите години се одлучувачки за идната кариера на секој млад човек. Во овој контекст зборовите на Кристофер Симс, професор по монетарна политика во Принстон, не звучеа толку драстично. „Ако бев политички советник во Грција, Португалија или Шпанија, би ги известил овие земји да подготват планови за напуштање на еврозоната”, вели добитникот на Нобеловата награда од 2011 година.

 



Видете следно

За една недела ОТСТРАНЕТИ 218 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ

Во текот на изминатата недела (14.02 – 20.02.2020 година) со специјалните возила пајак се подигнати …