„Европа“ во новогодишно руво?


Во пресрет на новогодишните празници фабриката за чоколади, вафли и бонбони „Европа“ подготви специјален дизајн на своите производи. Следејќи ги светските стандарди „Европа“ го промени изгледот на старите производи, но во исто време на пазарот ќе понуди и сосема нови производи.

Асортиманот на фабриката е збогатен со новогодишно млечно чоколадо со лешници „Дедо Мраз“. Добро познатите крем банани, како и бонбониерите „Хармони“ и „Симфони“ добија нов дизајн. Тие се совршен сладок подарок за новогодишните празници.

„Европа“ подготвува и прекрасни изненадувања за најмладите. Нов дизајн, нови слатки изненадувања за Новата година.

Новите производи се достапни во сите маркети и специјализирани продавници на „Европа“ по старите цени.

Извор: миа.мк


Видете следно

Виталиа општествено најодговорна компанија во рамките на проектот „Социјална инклузија и економско зајакнување на млади и на млади родители во социјален ризик преку мерки за генерирање приходи “

На вчерашниот завршен настан, во рамките на проектот „ Социјална инклузија и економско зајакнување на …