Европската држава која е лидер по смртност во светот од коронавирус


Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 19.385.292 лица. Од нив починале 720.053, а оздравеле 12.445.324 луѓе.

Во нашата држава според министерството за здравство до вчера беа направени 1845 тестирања, а регистрирани беа 155 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-51, Куманово-11, Дебар-2, Штип-13, Прилеп-4, Тетово-10, Струга-3, Битола-1, Охрид-6, Кавадарци-14, Гостивар-22, Гевгелија-1, Пробиштип-1, Демир Хисар-4, Македонски Брод-5, Виница-2, Кичево-3, Неготино-2.

Која е државата во кои смртноста е најголема според бројот на починати на еден милион жители?

Сан Марино е држава на Апенинскиот Полуостров во јужниот дел на Европа и една од најмалите независни држави во Европа. Таа има најмалку жители од сите членки на Советот на Европа. Сан Марино има 699 заразени луѓе со коронавирус, а досега починале 42 лица. Поред последниот попус во државата живеат 31.434 луѓе. Доколку Сан Марино имаше 1.000.000 жители смртноста би била 1238 лица и тоа е државата која има најголема смртност во моментов.

Освен смртноста, Сан Марино статистички би имало и најногу регистирано случаи со луѓе заболено од коронавирус, па така на 1 милион жители, тие би имале 20,596 заболени.

По број на мртви на еден милион жители, Македонија бележи 249, забележува Worldofmeters.


Видете следно

Анкета на Народната банка: Довербата во домашниот финансиски систем е висока

Скопје, 20 септември 2020 (МИА) – Довербата во домашниот финансиски систем е висока и во …