Европски ден за борба против трговија со луѓе: И денес трговијата со луѓе се контролира од страна на големи криминални организации


Трговија со луѓе е начин на заведување, измамување, принудување или на поинаков начин преселување на луѓе од нивниот дом или држава, кои потоа се принудени да работат со или без ниско плаќање или под екстремно експлоатирачки услови. Начинот се смета за продажба на или тргување со луѓе, што има многу карактеристики на робување, и кој во многу држави е нелегален. Жртвите на трговијата со луѓе можат да бидат искористени во различни ситуации, меѓу кои проституција, присилна работа (тука спаѓа принудна работа или ропство поради долг) и други форми на принудно ропство. Продажбата на бебиња и деца за посвојување или за други цели исто така се смета за трговија со тие деца.

Трговијата со луѓе е профитабилна индустрија. Во некои области, како Русија, Источна Европа, Хонгконг, Јапонија и Колумбија, трговијата со луѓе се контролира од страна на големи криминални организации. Меѓутоа, поголемиот дел од трговијата со луѓе се извршува преку мрежи на помали групи кои се специјализирани за одредена област, како врбување, превезување, рекламирање или продажба. Ова е многу исплатливо бидејки потребни се малку средства, а гонењето е прилично ретко.

Луѓето жртви на трговијата со луѓе вообичаено се од најбеспомошните и немоќни малцинства во еден регион. Тие често доаѓаат од посиромашни области кадешто можностите се ограничени, често се етнички малцинства, и често се раселени лица како што се бегалците, иако тие може да и прпаѓаат на која било социјална средина, класа или раса.

Илјадници деца од Азија, Африка и Јужна Америка секојдневно се продавани во светската сексуална трговија. Често тие се киндапирани или постануваат сирачиња, а понекогаш дури самите семејства ги продаваат.

Поради нелегалната природа на трговијата со луѓе и разликите во методологијата, точната бројка не е позната.

Најчести одредишта за жртвите на трговија со луѓе се Тајланд, Јапонија, Израел, Белгија, Холандија, Германија, Италија, Турција и Соединетите Држави, според извештај на УНОДЦ (Канцеларијата за борба против дрога и криминал на ОН).

Главните извори на лица жртви на трговијата со луѓе ги вкучуваат Тајланд, Кина, Нигерија, Албанија, Бугарија, Белорусија, Молдавија и Украина, според Википедија.

Според проценките на Обединетите Нации, во Европската Унија бројката на жртви на трговијата со луѓе достгнува до 270.000.

Владите, меѓународните здруженија и невладините организации, сите се имаат обидено да стават крај на трговијата со луѓе со помал или поголем успех.

Некои од жртвите кои се извлекле од овој тип на криминал, излегуваат и ги образуваат другите во врска со ова и ја споделуваат својата приказна.


Видете следно

Асоцијацијата на финансиски друштва за првпат направи статистиката за индустријата и го истражи јавното мислење за степенот на финансиска писменост

 Постои голема потреба за финансиска инклузија во земјата, загрижува нивото на финансиска писменост  Скопје, 19 …