Европските вредности претставени пред младите на Свети Николе


Европскиот автобус изминатата недела пристигна во Свети Николе, со што тргна патувачкиот караван со европските амбасадори, млади, студенти, уметници и спортисти, како дел од кампањата „ЕУ за тебе“. Се возеа велисипеди, се истакнуваа аевропските вредности, се дебатираше. Светиниколските ученици од СОУ „Кочо Рацин“го заплиснаа францускиот амбасадор во Македонија, Кристијан Тимоние со редица прашања – како до стипендии за образување во Европа? Ќе ги почне ли Македонија конечно преговорите со ЕУ? Зошто Македонија да сака да влезе во ЕУ, кога богати земји како Швајцарија и Норвешка не сакаат да членуваат во сојузот? Како да се сопре миграцијата, беа само дел од љубопитните прашања. Амбасадорот Тимоние се трудеше да одговори на сите.

Во целата таа европска слика влегува Македонија, која во изминатите две годни е повторно на европскиот пат и со потпишувањето на Преспанскиот договор, како што рече Тимоние „направи извонредна работа“.

-Но, сега очекуваме да се спроведат сите останати реформи, патот е долг. Вашето место е одбележано во европската изградба, сега треба уште само да и’ се приклучите и при тоа може да очекувате помош од европските институции и на билатерален план од Франција, изјави Тимоние.

-Македонија нема ниту банки, ниту нафта, затоа, одговори Тимоние, кој ги нагласи вредностите на кои почива ЕУ, а кои се важни за Македонија, како слобода, еднаквост, европско право, моќ на голем економски сојуз.

Младите прашуваа дали наскоро Македонија ќе добие датум и зошто токму неговата земја се противи на евроинтеграциите, на што Тимоние рече дека Франција во случајов е строга, но земјава треба сериозно на работи на подготовки за членство, што европските народи тоа треба да го видат.

Францускиот амбасадор ова му беше прво доаѓање во Свети Николе. Го пречека градоначалникот Сашо Велковски, кој го запозна со општината, со навиките на граѓаните, нивната дејност, но и очекувањата од Евроспката Унија, потенцирајќи го чувството на светиниколчани, дека Македонија е дел од Европа.

-Разговаравме околу помагање на инвестициите во Свети николе и Светиниколско, секако и за ширање на француската култура во средното и основно образование. Јас сум задоволен од средбата и се надевам дека ќе продолжиме да соработуваме, не само преку Француската амбасада, туку и со Францускиот културен центар, изјави градоначалникот Велковски.

Граѓаните на Општината Свети Николе навистина се дел од Европа. Во општината работат компани со доминантен капитал на сопственици од европските земји, како што е конфекцијата Мода со доминантен германски капитал, која вработува 1000 работници, но и со уметници, кои настапуваат во европските земји, како што е младиот пијанист Гоце Златев, кој неодмна беше во главниот град на Франција, на покана на парискиот градоначалник.

Извор: Моја Општина


Видете следно

СКОПЈЕ СО PUMPTRACK ПОЛИГОН КАЈ ОЛИМПИСКИОТ БАЗЕН

Вљубениците во велосипедизмот, ролерите и скејтбордите наскоро ќе имаат можност да ги покажат своите вештини …