Европските земји со најниска стапка на невработеност


3,2% во Швајцарија, 3.6% во Норвешка, 4,8% во Австрија … Има земји во кои нивото на невработеност може да не натера да сонуваме. Но, зад овие бројки се кријат големи социјални разлики, пренесува профит.

Швајцарија – 3.2%

“Наскоро 150 000 невработени во Швајцарија”, со овој наслов се чинеше дека плаши швајцарскиот Le Temps во јануари. “Просперитетот на Швајцарија е поврзан со нејзината улога на финансиски центар”, објаснува Жак Фреjсине, економист во Центарот за истражување на вработувањето.
Но земјата не се лизга на европското замрзнување: таа очекува 1,3% раст на БДП во 2013 година и 2,1% во 2014 година И локалниот печат се грижи за преструктуирањето, вклучувајќи и во банкарскиот сектор.

“Земјата користи широко регулирање на приливот на имигранти, претежно со краткорочни договори”, објаснува економистот. Тешко е да се добие постојан тежок договор, ако не си Швајцарец, граѓаните на земјата имаат предност.

Норвешка: 3.6%

Норвешка не познава невработеност. Нејзиното ниско ниво е структурно. Taa не е дел ниту од еврозоната, ниту од Европската унија, и не е изложена на притисок за намалување на задолженоста. Освен тоа што има големи нафтени ресурси, приходите од кои влагаат во фондови, се средствата од кои се користат во тешки периоди. И конечно-земјата ја користи социјалната солидарност, што не допушта да развој на масовна невработеност.

Австрија – 4.8%

Во Австрија, исклучително силниот социјален консензус е комбиниран со умерена политика на приходите и економска политика, насочена кон избегнување на кризите. Моделот комбинира флексибилност на работодавците и безбедност за вработените.

Германија – 5.4%

Невработеноста во Германија се намалува од почетокот на кризата до нивоа пониско отколку во годините околу 2000-та. Но, зад оваа бројка се крие несигурност за работниците поради реформите иницирани во почетокот на векот. За време на кризата работните места беа резервирани благодарение на делумната невработеност, која ја засегнаа 1,5 милиони лица во 2009-та. Ниско квалификуваните работници добиваа предлози за “мини” работа, платена со 400-800 евра месечно и без придонеси.
Невработените пак можат да ги добијат своите бенефиции со помошен договор за работа неколку часа неделно, платени помеѓу 1 и 2 евра на час. “Тоа создаде евтина работна сила во секторот на услугите, но тоа е придружено со зголемување на сиромаштијата и нееднаквоста на приходите.



Видете следно

Димковски: Со прецизни податоци за земјоделски стопанства до ефикасна реализација на мерките за развој на земјоделството

Денеска заврши имплементацијата на Твининг Проектот „Финализирање на мрежата на сметководствени податоци од земјоделски стопанства“, …