epa08748017 Valves of the Nord Stream 2 pipeline landfall facility during a visit of Mecklenburg-Western Pomerania State Premier Manuela Schwesig (not in the picture) to the industrial port and the landfall facility of the joint German-Russian pipeline project Nord Stream 2, in Lubmin, Germany, 15 October 2020. The politically controversial pipeline project was put into question in response to the alleged poisoning of Kreml critic Alexei Navalny. Schwesig wants to save the gas pipeline that she regards an important infrastructure project. EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Евростат: Раст на цените на производителите на индустриски производи во ЕУ


Во јуни продажните цени на производителите на индустриски производи во ЕУ и еврозоната се зголемија за повеќе од еден процент во однос на мај, а на годишно ниво се повисоки за над 35 отсто, најмногу под влијание на растот на цените на енергијата, покажа извештајот на Евростат.

На ниво на ЕУ, продажните цени на производителите на индустриски производи во јуни се зголемени за 1,3 отсто во однос на мај, кога според ревидираните податоци се зголемени за 0,7 отсто, се вели во извештајот на Евростат. Во еврозоната цените се зголемија за 1,1 отсто, по растот од 0,5 отсто во мај, покажуваат ревидираните податоци.


Производните цени на енергијата најмногу пораснаа на домашниот пазар, за 3,2 отсто на ниво на ЕУ и за 2,7 отсто во еврозоната. паг/
Брисел, 3 август 2022 (МИА)


Видете следно

Потпишување на договор за новата инвестиција „e.GO” во ТИРЗ – Тетово

Во Технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) Тетово денеска ќе биде потпишан договорот за новата германска инвестиција …