Еврото врати дел од загубите


Еврото останува во близина на 3-месечното дно против доларот, откако планот за оданочување на штедните сметки во Кипар со цел поддршка на банкарскиот систем во земјата ги зголеми стравувањата за стабилноста на финансиските институции во еврозоната.

Евро / долар се тргуваше на 1.2955, што не е далеку од дното во понеделникот на 1.2882. Единствената валута, сепак се соочува со жесток отпор да се пополни разликата од затворањето во петокот на 1.3076 и отворањето во понеделникот на 1.2950.

Еврo / фунта е 0.8575 кај 5-неделно дно вчера на 0.8534.

Високопрофитните валути кои настрадаа првично во тандем со еврото, ги повратија повеќето од нивните загуби. Австралискиот долар се тргуваше на 1.0390 против зелените пари и не е далеку од 5-неделниот врв од минатата недела на 1.0415.

Подобрените расположенија кај ризичните купувања доведоа до пад на јенот. Долар / јен е 95.70, а евра / јен исто така се враќа и е на 123.80.


Видете следно

АНАЛИЗА: Буџетски колач 2020 година – детали по кој основ и како ќе се трошат парите?

Повеќе пари за Претседател на државата, за Министерствата за одбрана, за внатрешни работи, за надоврешни …