Еврозона: € 14,9 милијарди трговски суфицит


Еврозоната предвидува трговски суфицит од 14,9 милијарди евра за април, по рекордни 22,5 милијарди евра во март, покажуваат објавените првични проценки на европската статистичка служба Евростат, пренесува AFP.

Во април во однос на март извозот е намален за 0,8%, а увозот се зголемил за 0,5%, прецизира Еуростат. Во април минатата година еврозоната забележала трговски суфицит од 3,3 милијарди евра. Трговскиот суфицит на целиот ЕУ во април бил 9,2 милијарди евра, додека во април 2012 година имало дефицит од 13,4 милијарди евра.

Службата дава и детални податоци за трговијата во периодот јануари-март оваа година. Од нив станува јасно дека дефицитот на ЕУ во енергетската област е намален до 96,2 милијарди евра во споредба со 111,1 милијарди евра за истиот период минатата година.

Вишокот кај индустриските стоки се зголемил до 91,1 милијарди наспроти 76,5 милијарди евра. Исто така увозот во ЕУ од повеќето основни партнери на блокот е намален во однос на истиот период минатата година. со исклучок на Турција (+3%).

Најмногу значаен е падот на увозот од Јапонија и Норвешка (по -16%) и Бразил (-14%). Трендовите се помалку изразени кај извозот. Најголем пораст на извозот има Швајцарија (+19%).


Видете следно

Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за третото тримесечје од 2019 година изнесува 3.6 %

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) …