Фабриките во еврозоната работат со полна брзина


Фабричните активности во еврозоната во август се зголемени со најбрзо темпо од над две години благодарение на силните нарачки за индустриски стоки, пренесува од Ројтерс. За прв пат од средината на 2011 година има и незавршени порачки.

Според Маркит (Markit) условите се подобруваат во сите водечки економии во монетарната унија освен Франција. Новите нарачки се зголемени со најбрзо темпо од мај 2011 година, што дава сигнал дека импулсот ќе продолжи.

Индексот на (Пи Ем Ај – PMI) на Маркит скокна до 51,4 поени во август во однос на 50,3 поени во јули – прв месец со ниво над 50 поени од февруари 2012 година, што значи раст. Прелиминарните податоци беа за вредност на показателот од 51,3 поени.

Иако порастот e се уште само умерен, компаниите го забележаа најсилното подобрување на бизнис условите за малку повеќе од две години, а заживувањето на растот на нови нарачки е знак дека економското закрепнување ќе продолжи и во септември, коментира главниот економист на Маркит, Крис Вилијамсон.

 



Видете следно

Одржана 35-тата седница на Советот на Општина Центар

Советот на Општина Центар, вчера ја одржа редовната 35-та седница. Од 23-те точки на Дневниот …