Facebook го стекна Oculus VR


Facebook објави дека постигнале договор со производителот на уредите за виртуелната реалност Oculus VR. Компанијата ќе плати 2 милијарди долари, пишува New York Times.

Според зборовите на основачот на Facebook, Марк Зукерберг договорот ја одразува перцепцијата дека виртуелната реалност може да биде следната компјутерска платформа по мобилната. “По игрите, ние ќе направиме Oculus платформа за многу искуства”, коментира тој.

Со својата нова придобивка, Facebook е рангирана меѓу многуте компании од Силиконската долина, кои инвестираат во хардверот, а тоа ја менува претставата за тоа како луѓето ќе се служат со информациите во иднина и другите форми на содржина.

Во меѓувреме Google презеде поинаков пристап со ставање на високотехнолошки очила Google Glass, кои им овозможуваат на корисниците да гледаат картички, пораки и други податоци на стаклата пред лицето.


Видете следно

Поставени основите за национална стратегија за намалување на загуби и отпад од храна

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, беше дел од консултативна работилница за …