Facebook го запира „четот“ на мобилните


Социјалната мрежа Facebook го запира разговорот во мобилната апликација за Android и iOS, станува јасно од официјалното соопштение на компанијата.

Кореспонденцијата на Facebook ќе биде можна само преку апликацијата Facebook Mеssenger. Тоа е целта на извршниот директор Марк Цукерберг, кој бара нов начин за профит.

Се очекува промената да биде присутна за неколку дена, откако во Европа Facebook Mеssenger стана задолжителен уште во април. Корисниците на социјалната мрежа, кои сеуште комуницираат преку мобилнaтa апликација на Facebook, ќе почнат да добиваат известувања.

Мобилната апликација на Facebook може да се пофали со над 200 милиони корисници кои испраќаат над 12 милијарди пораки дневно. Пред една недела Марк Цукерберг, потврди дека од компанијата работат на тоа преку Facebook да можат да се праќаат пари до секоја точка на земјата. На овој начин социјалната мрежа ќе стане конкурент на компании како Western Union.


Видете следно

Стомнароски: Бараме да биде откупен и последниот лист произведен тутун

Од понеделник ќе се стопираат вагите и откупните центри со нереална процена на тутунот и …