Facebook инвестира 150 милиони долари во нови корисници


Американската корпорација Facebook склучи договор за купување на израелска компанија, со чија помош се надева да се направи интернетот подостапен за милијарди луѓе кои во моментов не се во мрежата, информираше онлајн изданието “Financial Review”.

Инвестицијата е вредна 150 милиони долари, за седиштето во Пало Алто кој е производител на мобилни апликации Onavo. Екипата на стартап компанијата со тригодишна историја се специјализираше во креирањето на производи, кои ги компресира податоците и на тој начин на корисниците им штедат од сметките за телефон.

Креаторите на мобилната апликација Onavo тврдат дека со него, клиентите ќе можат да користат интернет до пет пати поефикасно од обично.

Со купување на стартап компанијата од Facebook, ќе се обезбеди интернет пристап до луѓето во сиромашните земји, за кои е неостварливо да плаќаат за таков во моментот.

“Очекуваме технологијата за компресија на податоци на Onavo да игра централна улога во нашата мисија да поврзуваме повеќе луѓе преку интернет, а нивните аналитички алатки да ни обезбедат добри и ефикасни мобилни производи”, коментираше за “Ројтерс” портпаролот на Facebook.


Видете следно

Асоцијацијата на финансиски друштва за првпат направи статистиката за индустријата и го истражи јавното мислење за степенот на финансиска писменост

 Постои голема потреба за финансиска инклузија во земјата, загрижува нивото на финансиска писменост  Скопје, 19 …