Facebook ја обнови функцијата “Poke” или „Боцни“


Социјалната мрежа Facebook ја обнови функцијата “боцни” (Poke) како апликација за iPhone. Сега веќе со него ќе можете да праќате на вашите пријатели видеа за еднократна употреба.

Видео соопштенијата се самоуништуваат 10 секунди по своето отворање. Не можете да ги зачувате, не можете да ги споделите, не може да ги видите повторно. Што значи тоа за светот на рекламата?

Новата функција им овозможува на рекламирачите да испраќаат забавни кратки пораки на целната публика на Facebook, советува Адам Британ од агенцијата 16 Handles. Можноста е идеална за прогласување на промоции и распродажби и гарантира дека ќе достигне до луѓето на кои информацијата може да биде потребна.

Израелската компанија за производство на долна облека “Делта” веднаш ја вклучи опцијата “Боцни” во својата нова рекламна кампања, првиот клип од која може да се види подолу. Специјалистите од сајтот AdAge очекуваат дека и други компании наскоро ќе го следат овој тренд со оваа опција.


Видете следно

РКЕ: НЕТОЧНИ И НЕОСНОВАНИ СЕ ТВРДЕЊАТА ДЕКА ПОСКАПУВАЊЕТО НА ЦЕНАТА НА ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА ЌЕ ВЛИЈАЕ НА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА ОСТАНАТИТЕ ПРОИЗВОДИ

   Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ги оценува како неточни, неосновани и нестручни …