Facebook може да купи израелска компанија за 1 милијарда долари


Facebook Inc е во напредни преговори за стекнување на израелската компанија за мобилната сателитска навигација Waze за меѓу 800 милиони долари и 1 милијарда долари, информира бизнис весникот Calcalist.

Waze користи сателитски сигнали од Smartphones на луѓето, за да генерира карти и податоци за сообраќајот, кои потоа го споделува со други корисници нудејќи информации за сообраќајот во реално време.

Waze и Facebook се здружиле во октомври 2012 година кога Waze ја објави обновената верзија, која им овозможува на корисниците да го споделат возењето со своите пријатели на Facebook.

Доколку трансакцијата се случи, тоа би било трето стекнување на Facebook во Израел. Социјалната мрежа го купи Snaptu за 70 милиони долари во 2011 година и Face.com за 60 милиони долари минатата година.

Во последната година Waze има тројно повеќе корисници до 45 милиони, а само во март 1,5 милиони корисници ја симнале бесплатната апликација за мобилна навигација, според Calcalist.


Видете следно

Јовица Ивановски со стихозбирката „Човек“ добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2019 година

„Јовица Ивановски со стихозбирката „Човек” е добитникот на годинашната награда „Браќа Миладиновци”, која ја доделува …