Facebook најави новитети


Социјалната мрежа Facebook ќе лансира свој пребарувач, соопштува технолошкиот сајт Pocket-Lint. На овој начин компанијата ќе се соочи со ново конкурентно поле со својот ривал на Google, кој постојано зема замав во јавниот простор со социјалната мрежа Google. Се очекува денеска Facebook да ги објави своите нови планови.

Иако точните детали за тоа како ќе работи новиот пребарувач остануваат нејасни засега, социјалната мрежа планира да започне нова “функција за пребарување”, и тоа “многу наскоро”.


Ако Facebook обезбеди на своите корисници брзо пребарување не само на социјалната мрежа, но и во целиот интернет, тоа ќе предизвика големи главоболки на Google: новата функција ќе им даде на Facebook корисниците причина да го заобиколат Google воопшто.

Facebook може да ги прошири начините за пребарување на содржини, со кои во моментов располага. Гласините од минатото велат дека Марк Зукерберг и неговата компанија сакале корисниците да ја направат социјалната мрежа главна страница за корисниците. Додавањето на целосна функција за пребарување може да придонесе токму за тоа.



Видете следно

Учениците на продолжен распуст, УНИЦЕФ повика затворањето на училиштата да биде привремена мерка

Околу 255 илјади ученици наместо утре, во училишните клупи ќе се вратат на 1 февруари …