Facebook прави нови измени кај корисниците


Facebook планира да ја направи по-персонализирана рекламата за некои корисници, соопштува Die Presse. За таа цел ќе се анализира какви интернет страници посетуваат посетителите и какви апликации користат.

На тој начин онлајн трговецот ќе може да покажува рекламирање на корисник, кој претходно ја посетил страницата, но не купил ништо.

Мобилната апликација за патувања ќе може да нуди рекламирање на луѓе кои ја имаат преземано апликацијата, но не ја користат, за да си резервираат патување.

Facebook појаснува дека истовремено корисниците ќе добијат поголема контрола, какви реклами ќе им бидат прикажани.

Од социјалната мрежа уверуваат дека нема да се земаат лични информации за корисниците.


Видете следно

Вчера во Народната банка се одржа 35. сесија на Клубот на истражувачите

Вчера во Народната банка се одржа 35. сесија на Клубот на истражувачите, на која по …