Facebook се менува од 7 март


Социјалната мрежа Facebook ќе ја промени насловната страница од 7 март. Компанијата закажала прес-конференција со покани до одредени медиуми во централата во Менло Парк, Калифорнија, за овој датум. За време на настанот ќе се претстави новиот дизајн на News Feed, соопштува Business Insider.

 

News Feed е клучот за рекламниот бизнис на Facebook. Во него се прикажуваат различни видови реклами за мобилни и немобилни уреди. Тоа е најефикасното поле за рекламирање на интернет, многу корисно за рекламите од страничните банери и промотивните линкови со мали слики, наредени во колоните десно.

 

Специјалистите посочуваат дека главен проблем во врска со промената на News Feed, ќе биде колку рекламирање ќе може да издржи. Идејата на социјалната мрежа е да направи промени кои ќе гo задоволат маркетингот, но и да не ја преминуваат границата на толеранцијата на регистрираните во неа над една милијарда луѓе.

 

Последниот пат, во кој Facebook ја закажа конференцијата за медиумите, компанијата ја претстави услугата Graph Search.


Видете следно

Нова медицинска опрема на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија

Современа медицинска опрема, која се состои од два столба – специјални апарати за лапароскопска хирургија …