Facebook се подготвува за видео реклами?


Социјалната мрежа Facebook пушта нова апликација која ќе вклучи стриминг на видео реклами пред новинарскиот проток на страниците на корисниците.

Се очекува ова да се појави во првата половина на следната година, пренесува Reuters, повикувајќи се на информации од неколку менаџери од индустријата, кои биле информирани за плановите на компанијата во последните неколку недели.

Видео рекламите ќе бидат достапни како за персоналните компјутери, така и за паметните телефони и таблети.

Според изданието, социјалната мрежа на Марк Зукерберг најверојатно ќе претпочита да ја ограничи должината на рекламите до 15 секунди. Во моментов од Facebook не коментираат за овие информации.


Видете следно

Милиони корисници со проблеми при пристапувањето кон мрежите Фејсбук и Инстаграм

Фејсбук и Инстаграм не работеа синоќа, а утрово, корисници во дел од светот соопштија дека …