Facebook веќе овозможува да рекламирате публикации


Во октомври 2012 година Facebook дозволи рекламирање на сопствените публикации. Од компанијата тврдат дека само за 7 долари, пораката ќе стигне до многу голем дел од вашите пријатели.

Социјалната мрежа веќе овозможува да извршите и платена реклама на публикациите на вашите пријатели. Во моментов функцијата е пуштена за САД, но наскоро се очекува да стане достапна за повеќе земји. Услугата ќе биде достапна за сите корисници кои имаат под 5000 пријатели и ќе може да се користи со добротворни каузи.

Од Facebook потсетуваат дека пред лансирањето на платената реклама на туѓа публикација треба да ги видите поставките за заштита на вашиот профил, бидејќи поставените ограничувања можат да го намалат бројот на луѓето до кои ќе стигне рекламниот пост.


Видете следно

Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за третото тримесечје од 2019 година изнесува 3.6 %

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) …