Фото: http://qazaqtimes.com/

„Фајненшл тајмс“ ја открива вистинската цел на Франција и Макрон за Балканот


Блокирајќи го почетокот на преговорите за членство во ЕУ со Македонија и Албанија, францускиот претседател Емануел Макрон го шокираше и поткопа регионот, чија стабилност е поврзана со стабилноста на европскиот континент. Ова е она што го пишува лондонскиот „Фајненшл тајмс“ во својата анализа.

Написот носи наслов „Новото раководство на ЕУ мора да постави свои правила во надворешната политика“.

Весникот коментира дека во случајот со Македонија, овој потег на Макрон ја покажува хипокризијата на ЕУ, потсетувајќи дека Унијата одамна ветила дека ќе започне разговори за членство, доколку земјата најде компромис со Грција за името – услов исполнет со Договорот од Преспа, кој стапи во сила во Февруари.
 
„За волја на вистината, Макрон не беше сам во изразувањето резерви за проширувањето на ЕУ во Југоисточна Европа. Данска и Холандија ја поддржаа Франција во спротивставувањето на преговорите за членство со Албанија.

Покрај тоа, кога Европскиот парламент усвои резолуција за поддршка на започнувањето на разговорите за членство со двете балкански земји, 136 европратеници или скоро 1/4 од гласачите ја поддржаа позицијата на Макрон, пишува „Фајненшл тајмс“.

Весникот смета дека Макрон има право да инсистира на тоа дека Унијата треба да се фокусира на внатрешните реформи пред да донесе нови членки, оценувајќи дека „најважниот проект на ЕУ“ – евро-зоната од 19 члена – останува полуизградена куќа, но и недостаток на широко европско дејствување во некои области, како што е миграцијата и политиката на азил, исто така.

„Фајненшл тајмс“ исто така напиша дека се појавиле гласини дека вистинската цел на Франција е „трајно да ја затвори вратата на ЕУ кон Западен Балкан“ и наместо тоа да им понуди членство во таканаречениот „Западен Балкан“.

 


Видете следно

После пет години се одржа Меѓувладината  комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка помеѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација

Денеска во Охрид Меѓувладината  комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка помеѓу Република Северна Македонија и …