„Фајзер” и „Бионтех” бараат од американските власти одобрување за користење на нивната вакцина против Ковид-19 на деца на возраст од 12 до 15 години


Фармацевтската компанија Фајзер и нејзиниот германски партнер Бионтех соопштија дека побарале од Управата за храна и лекови на САД да ја прошират употребата на нивната вакцина против Ковид-19 на адолесценти на возраст од 12 до 15 години по итна постапка.

Вакцината во моментов е одобрена во САД за лица постари од 16 години, а компаниите објавија дека побарале продолжување на овластувањето од американската Администрација за храна и лекови за вклучување на помлада возрасна група.


Минатиот месец, компаниите објавија дека клиничкото испитување утврдило дека вакцината е безбедна, ефикасна и дава силни реакции на антитела кај деца на возраст од 12 до 15 години.

Директорката на американските Центри за контрола на болести, Росел Валенски, за Еј-Би-Си Њуз во четвртокот изјави дека очекува вакцината да биде одобрена за деца на возраст од 12 до 15 до средината на мај. зш/

Њујорк, 10 април 2021 (МИА)


Видете следно

Во пресрет на сезоната на можни пожари на отворен простор во државата – координативен состанок за превенција

Во пресрет на сезоната на можни пожари на отворен простор во државата, денеска, (11.05.2021), под …