ФАО: Следната пандемија може да предизвика отпорност на микроорганизмите на лекови


Микроорганизмите се сè поотпорни на лекови и проблемот може да стане извор на нова пандемија, со сериозни импликации врз здравјето на луѓето, земјоделско-прехранбените системи и економијата, предупреди Агенцијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО).

Микроорганизмите стануваат поотпорни на лекови и процесот се забрзува со зголемената употреба на препарати за нивно уништување кај луѓето, животните и земјоделските култури, соопшти ФАО по повод Светската недела на свеста за заразни болести – 18 до 24 ноември.

Најмалку 700.000 луѓе годишно умираат од заразни болести на респираторниот тракт, уринарниот систем и сексуално преносливи болести, кои сè потешко се лекуваат поради отпорност на лекови, потсетува агенцијата на ОН.

Отпоротноста на лекови е исто така се поприсутена во земјоделско-прехранбените системи и ја загрозува глобалната безбедност на храната, соопшти ФАО.

„Низ целиот свет, луѓето, животните и растенијата веќе умираат од инфекции кои не можат да се третираат дури и со најсилните антимикробни лекови”, нагласуваат тие.

– Ако не се реши проблемот со отпорност на лекови на микроорганизми, следната пандемија со која ќе се соочиме може да биде бактериска и многу поубиствена, поради лекови што веќе не дејствуваат, рече заменик-генералниот директор на ФАО, Марија Хелена Семедо. ссм/

Њујорк, 20 ноември 2020 (МИА) –


Видете следно

Царовска: Матурата е обврзна и ќе се спроведе во законскиот рок

Државната матура е обврзна и ќе се спроведе во законскиот рок ако ситуацијата со епидемијата …