Фејсбук ќе ги обележува потенцијално штетните објави


Компанијата „Фејсбук” соопшти дека ќе започне да ги обележува потенцијално штетните објави на својата мрежа, кои, сепак, ќе ги остави заради нивната важност за јавноста.

Како што пренесуваат странските агенции, компанијата е под притисок да ја ограничи содржина на својата платформа, вклучувајќи ги и објавите на американскиот претседател Доналд Трамп.

Основачот на „Фејсбук”, Марк Закерберг изјави дека компанијата ќе забрани реклами во кои се опишуваат различни групи врз основа на раса и имиграциски статус, како закана, пренесува Би-Би-Си.

Исто така ќе ја отстрани содржината, дури и ако е објавена од политичар, ако процени дека поттикнува насилство или врши притисок врз гласањето.

Њујорк, 27 јуни 2020 (МИА)


Видете следно

Светската здравствена организација призна дека постојат докази за пренесување на Ковид-19 преку воздух

Светската здравствена организација призна дека постојат докази за пренесување на Ковид-19 преку воздух, откако 239 …