Фејсбук отстрани седум милиони објави со лажни информации за коронавирусот


Вашингтон, 12 август 2020 (МИА) – Фејсбук отстрани повеќе од седум милиони објави во вториот квартал од годината затоа што содржеле лажни информации за коронавирусот, што може да им наштети на здравјето на луѓето, јави ДПА.

Компанијата издаде и предупредувања за околу 98 милиони објави за коронавирусот со сомнителна, но не толку опасна содржина, изјави потпретседателот на Фејсбук Гај Розен, пренесува БТА.

Фејсбук е под притисок да спречи лажни информации и презема посилен пристап кон умереноста на содржината во последните месеци.

Компанијата неодамна отстрани објава од веб-страницата на Доналд Трамп, бидејќи содржеше лажни информасции за пандемијата. Компанијата соопшти дека санкционирала помалку пораки за самоубиства и самоповредување, голотија на деца и сексуална експлоатација помеѓу април и јуни, бидејќи помалку модератори работеле поради пандемијата.


Видете следно

Пад на цените на нафтата поради пандемијата и зголеменото производство во Либија

Цените на нафтата на меѓународните пазари паднаа под 36,64 евра (41 долар) за барел. Падот …