Фестивал за домување во Скопје


Организацијата за домување и станари (ОДС), Фондација „Фридрих Еберт“ (ФЕС) и Социјалдемократска младина на Македонија (СДММ) денеска во Паркот на франкофонијата во Скопје одржуваат „Фестивал за домување: Безбедно, достоинствено и пристапно домување за сите“.


 Како што најави организаторот, предвидено е да се отворат прашања поврзани со домувањето и потребите на младите, граѓанското учество во донесувањето одлуки поврзани со домувањето и домувањето од аспект на родовата еднаквост.


На фестивалот, исто така, ќе се презентираат методологија и софтверски калкулатор за регулирање на пазарот на издавање на недвижнини.

На настанот ќе присуствуваат експерти од Здружението на станари од Исланд, Здружението на станари од Шведска и Меѓународното здружение на станари, кои во партнерство со ОДС развиваат соработка за унапредување на домувањето во Република Северна Македонија.


Поканети се претставници од Регулаторна комисија за домување, членови на Собранието на Република Северна Македонија, граѓански организации, претставници на младински и студентски организации, агенции за недвижнини и други засегнати страни во процесот.

ев/ФОТО: Архива   .


Извор: МИА