ФИАТ ја напушта Италија?


Автомобилскиот производител Фиат, кој е најголемиот работодавец во Италија, се заканува да ја напушти земјата.

Тоа ќе се случи, ако Италија не воведе промени во Законот за работните односи, објави англиското говорно електронско издание The Local. 

Ултиматумот на компанијата е диктиран од неплодните нејзините обиди во последните години да воведе пофлексибилни договори со вработените, секогаш блокирани од синдикатите .

Автогигантoт од Торино се заканува дека ќе го дислоцира целото производство од Италија, ако владата не интервенира во спорот помеѓу компанијата и синдикатите.

Во јули Уставниот суд на Италија пресуди на ФИАТ да ги обнови односите со еден од најголемите синдикати во земјата, прекинати по одбивањето на компанијата да потпишува договори под условите кои ги бараа работниците.


Видете следно

Националната пошта подготвува нов систем за посебно сметководство и алокација на трошоци

Скопје, 3 јуни 2020 (МИА) – Стартуваа активностите за одредување соодветен систем за посебно сметководство …