Филипче: Нема механизам да се контролираат цените на лековите што се купуваат приватно


Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека не постои механизам со кој би се контролирале цените на лековите што се купуваат приватно, во одговор на новинарско прашање дека граѓаните што се лекуваат од Ковид-19 во домашни услови се жалат дека тоа чини многу средства.

-Можеме да интервенираме во делот на тоа што законот ни нуди како можност, а тоа е интервенција во цената, ревизија на сите лекови што се на позитивната листа. Тие што се купуваат приватно навистина немаме механизам како да ги контролираме, рече Филипче.

Во таа смисла, министерот појасни дека веќе се покренало конкретно прашањето за замената на хепаринот, истакнувајќи оти во овој случај е можно решение со Фондот. нд/ац/

Скопје, 7 април 2021 (МИА)


Видете следно

За еден ист стан во Скопје капар плаќаат тројца купувачи, пријавен агент за недвижности

По неколку години, повторно манипулација со продавање на станови. За еден ист стан во Скопје, …