Breaking News

Финален настан на едукативната активност „Имам став“


Во Собранието денеска ќе се одржи финален настан на едукативната активност „Имам став“ за ученици од средните училишта во земјава.


Едукативната активност „Имам став!“ претставува симулација на процесот на разгледување предлог-закон во рамките на Собранието. Целта е приближување на работата на Собранието и процесот на донесување на закони до младата популација, што ќе придонесе за развивање на нивната свест за демократијата и ќе ги поттикне и подготви за општествена и политичка критичност и вклученост.


Теми за дискусија на денешниот финален настан се Безбедноста во патниот сообраќај, Борбата со феноменот на лажни вести и Начинот на исхрана и конзумирањето на брза храна.

Учесници се ученици од средните училишта „Раде Јовчевски-Корчагин“ од Скопје, „Јосип Броз-Тито“ од Битола и „Мирче Ацев“ од Прилеп.


Победниците ќе бидат прогласени на крајот на настанот. ев/сп/

Скопје, 2 мај 2023 (МИА)