Финансиска награда за матичните лекари ако имаат над 70 отсто вакцинирани пациенти


Владата денеска на 112-та седница донесе одлука за еднократна финансиска награда од 30 денари по пациент за матичните лекари доколку достигнат и надминат опфат од 70 отсто со вакцинација од вкупниот број пациенти запишани кај нив.

Мерката пред неколку дена ја најави министерот за здравство Венко Филипче и, како што соопшти владината прес-служба, таа е во насока на стимулација на интересот за вакцинација за заштита од КОВИД-19 и за спречување на ширењето на пандемијата. хс/дма/


Скопје, 30 ноември 2021 (МИА)


Видете следно

Повторно високи бројки: Направени се 6.353 тестови, а еве колку нови случаи се регистрирани со Ковид-19

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира, дека во последните 24 …