Финска компанија премина на Business Central со помош на Логин Системи


Логин Системи, софтверско-консултантска компанија за сметкводствени и деловни решенија, објавува дека финска компанија, од проектно-градежниот бизнис, премина на Microsoft Dynamics 365 Business Central (или скратено Business Central) оваа седмица.

Активностите на Логин Системи вклучија (1) инсталирање на нова верзија на Business Central, (2) префрлување на историските подароци од Microsoft Dynamics NAV 2016 и (3) интегрирање со екстерни модули за скенирани документи, како и (4) одобрување на набавни фактури кои претходно се поминати на OCR (Optical Character Recognition). Фирмата исто така користи и модул за електронска размена на документи EDI (Electronic Data Exchange).


„Иако навидум изгледаше поедноставен проект во однос на претходните, заради повеќето екстерни модули што требаше да се интегрираат со Business Central, оваа имплементација беше комплексна и релативно долготрајна“ – изјави Венко Глигоров, главен изведувач на проектните активности во Логин Системи. „Се радувам што успеавме да го завршиме планираните цели заедно со тимот неколку други интернационални консултанти и експерти“.

Целиот проект, во кој беше вклучен и мониторинг на корисниците на новата верзија, траеше нешто повеќе од 3 месеци. При мигрирањето на податоците, се користеа алатките за мигрирање на податоци од Dynamics NAV во Business Central изработени од Логин Системи.
https://live-tag.bannersnack.com/banners/bt3qt0am1/adtag/embed/1/index.html?networkId=1&userId=43212986&t=1609671732&env=live

Microsoft Dynamics 365 Business Central е интегриран сметководствен и деловен софтверски систем кој ги задволува потребите на успешните мали и средни претпријатија во Европа и светот. Овој систем е продолжение на успешните бизнис пакети на Microsoft – Navision и Dynamics NAV.

Во Македонија и регионот Логин Системи има десетици успешни имплементации на деловни системи кои користат Navision, Dynamics NAV и Dynamics 365 Business Central. Овој сегмент во работењето на Логин Системи започнува во 2002 година.

#dynamicsnav #businesscentral #msdyn365bc


Видете следно

Вработени во спортски обложувалници: Издржуваме фамилии, плаќаме кредити и бараме само да работиме

Ние, вработените во спортски обложувалници денес одржавме прес-конференција пред Владата на РС Македонија, на која …