Фиона викендов се очекува да удри на брегот на Канада


Ураганот Фиона на пат да ги загрози Бермуди и источна Канада откако ги разори патиштата и мостовите низ Порторико и предизвика историски поплави.

Се предвидува дека Фиона ќе помине близу Берудските острови доцна вечерва или рано во петок, апотоа во сабота рано наутро ќе ја погоди најисточна Канада, соопшти американскиот Национален центар за урагани.


Канадскиот центар за урагани издаде предупредување за делови од Нова Шкотска, островот Принц Едвард, Магдаленските острови и дел од брегот на Њуфаундленд.

Предупредувањето на ураганот е на сила за Бермудските острови, каде што премиерот Дејвид Берт испрати твит повикувајќи ги жителите да се грижат за себе и своите семејства.


„Ајде сите да се сетиме да ги провериме семејството и соседите, како и да внимаваме на повозрасните лица. Чувајте се, напиша премиерот на Бермуди, а пренесе АП.

Американскиот центар соопшти дека Фиона изутрината имаше максимална брзина на ветерот од 215 километри на час.



Видете следно

Зеленски: Успеси на украинската армија на неколку позиции

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на многу места долж линијата на фронтот се водат …