ФИТР од денес со децентрализирани информации и поддршка за компаниите


Фондот за иновации и технолошки развој во соработка со Фондацијата за развој на претприемништво, регионална и прекугранична соработка Битола, денеска организираше презентација на Инструментот за кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации, на која присуствуваапретставници на педесетина  мали, микро и средни претпријатија од Пелагонискиот регион.

„Фондот е отворена државна институција. Целта на овој настан во Битола е на компаниите од Пелагонискиот регион да им ги приближиме инструментите на ФИТР и можностите за финансиска поддршка од државата”, изјави Јован Деспотовски, директор на ФИТР.

Тој додаде и дека Фондот ќе продолжи на домашните компании да им обезбедува користење на бесплатна советодавна поддршка и техничка помош, а за прв пат оваа поддршка ќе се нуди и децентрализирано во Битола. ФИТР во соработка со Фондацијата за развој на претприемништво, регионална и прекугранична соработка како партнерската организација на компаниите од овој регион ќе им обезбеди поддршка на потенцијалните апликанти, и ќе нуди информации поврзани со инструментите, деталите, условите и можностите за аплицирање. Вакви инфо-центри во наредните денови ќе почнат да функционираат и во Тетово и Струмица, во соработка со локални партнерски организации и здруженија.

“Особено не охрабрува фактот што имаме голем интерес кај компаниите за нашите инструменти, што истоврмено е знак на доверба во самата инстутуција и процесите што ги спроведуваме . Последните бројки велат дека од објавувањето на овој јавен повик од крајот на март до сега се преземени околу 850 апликациски пакети при што очекуваме голем дел од нив и да поднесат предлог апликации,” рече Деспотовски, охрабрувајќи ги компаниите од овој регион да инвестираат во развој на иновативни проекти.

Инаку, јавниот повик за Инструментот за кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации е отворен до 15.05.2019 година, и тој има за цел да се поттикне зголемување на активностите за истражување и развој во приватниот сектор, да се охрабри соработката меѓу приватниот сектор и приватниот сектор со високообразовните и научноистражувачките установи, како и останатите форми на соработка за комерцијализација на иновации.


Видете следно

Услугите на Тиго Фајнaнс отсега уште подостапни за жителите на Кавадарци и Радовиш

За да биде уште поблиску до своите клиенти и директно да им обезбеди одговор и …