ФИТР: Поттикнуваме инвестициски циклус од 14 милиони евра кај домашните компании за економско заздравување на државата


Инвестиции од речиси 14 милиони евра ќе реализираат домашните компании на јавниот повик за Технолошки развој на Фонд за иновации и технолошки развој, по редовна и скратена постапка. 69 компании вложуваат во технолошки развој околу 10 милиони евра сопствени средства, додека делот на ко-финасирање на ФИТР е над 4 милиони евра. Со овој модел на финансирање на секое 1 евро јавни средства, компаниите вложуваат по 2,2 евра од приватни извори.

„Ова покажува дека имаме домашни компани кои и во услови на криза се подготвени да инвестираат во прилагодување и развој, а со тоа и во побрзо заздравување на домашната економија. Побрзо надминување на кризата не само за вработените во овие компании, туку за сите наши сограѓани”, изјави Јован Деспотовски, директор на Фондот и додаде дека ова е добар модел кој треба и понатаму да се развива. Овој модел подразбира целосно вклучување на приватниот капитал, банките во заздравување на економијата, што во изминатите месеци беше, во голема мерка, на товар на државата.

Од одобрените 69 инвестициски проекти, најголем дел 11 се во областа на медицината и здравството, што покажува дека државата и приватниот сектор сега вложуваат во зајакнување на капацитетите за справување со последиците од кризата и подготвеност во иднина. Финансиската поддршка за овие 69 компании се однесува за воведување на нови технологии во работењето со што се зголемува конурентноста и ефикасноста во нивното работење. Компаниите вработуваат околу 1.800 лица и се очекува да ги реализираат своите инвестиции во следните 12 – 18 месеци. Најголем дел од компаниите се микро и мали (над 80%), а доминираат оние што се регистрирани во Скопје (50% од одобрените проекти).

Директорот Деспотовски истакна дека охрабрува бројот од 55% од компании што се јавиле по втор или повеќе пати на јавните повици на Фондот, а сега се помеѓу оние за кои е донесена позитивна одлука. Тоа укажува на постепено менување на менталитетот на домашните компании кон поголема упорност, но и зголемена доверба во процедурите на доделување на средства од Фондот. Само 3 компании од оние чии проекти се одобрени се или биле досега корисници на средства на Фондот, што говори дека кругот на корисници на средства постојано се проширува.


Видете следно

Дали навистина нè чека ценовна инфлација?

Економијата е поразлична од природните науки.  Во областа на човековото дејствување нема квантитативни зависности или …