ФИТР: Средба на Деспотовски со министерката за наука на Црна Гора, Дамјановиќ


Размена на искуства и продлабочување на соработката помеѓу Фонд за иновации и технолошки развој и Министерството за наука на Црна Гора беа главна тема на денешната средба на директорот на ФИТР, Јован Деспотовски и министерката за наука на Црна Гора Др. Сања Дамјановиќ.

Министерката Дамјановиќ нагласи дека Црна Гора започнува да пилотира програми за поддршка на стартап компании за што би било добредојдено искуството на Северна Македонија и ФИТР во креирање на вакви програми кои веќе успешно се спроведуваат и придонесуваат кон развој на домашната економија. Таа додаде и дека на Црна Гора и е предизвик да формира Фонд за иновации на примерот на Северна Македонија.

“Меѓу другото разговаравме за искуствата кои ги има оваа земја во делот на развој и поддршка на екосистемот и можностите за меѓусебна соработка. Нашата земја може да научи од искуството на Црна Гора во делот на соработката меѓу академската и бизнис заедницата. Дополнително можеме заедно да работиме на реализација на концептот на Научно-технолошки парк што од неодамна веќе почна да се спроведува во Скопје, а е во најава за реализација и во Подгорица,” рече Деспотовски.

Министерката Дамјановиќ е дел од делегацијата на ЦЕРН која е во неколкудневна посета на земјава во рамки на „Денови на ЦЕРН во Република Северна Македонија” во организација на ФИТР, а во соработка со Природно-математичкиот факултет и Македонската академија на науките и уметностите.


Видете следно

Градот Скопје денеска го затвора јавниот повик за субвенционирање на купувањето велосипеди за 2019 година

Градот Скопје ги информира граѓаните дека денеска го затвора јавниот повик за субвенционирање на купувањето …