Фолксваген забележа рекордни продажби


“Фолксваген груп” (VW, Audi, Skodа, Seat, Bentley, Lamborghini), е најголемиот производител на автомобили во Европа, и соопшти дека продал повеќе автомобили во првите 11 месеци од годинава, отколку во текот на целата 2011, кога забележа рекордна продажба, соопшти АФП.

Раководството на гигантот соопшти дека вкупниот број на автомобили односно продажбата се зголемила за 11,7% во ноември до 794 500 автомобили, со што нивното заедничко ниво од почетокот на 2012 до денес се зголеми со 10,4% поточно на 8,29 милиони.

Во 2011 компанијата продаде вкупно 8,27 милиони автомобили во целиот свет.

Одличните параметри Фолксваген груп должи на неколку пазарот, главно на кинескиот. Таму се продале 1,92 милиони автомобили до ноември, што е раст од 19,2%. Во САД, продажбата се зголемила за 35% до 394 100 минатиот месец. Процентното зголемување на продажбата е исклучително интересна во Источна Европа, и тука растот е 25,9% (246 500), додека во Русија – цели 45,3% (151 400).

“Но, и покрај овогодинешниот рекорд, веќе почнавме да се подготвуваме за многу предизвикувачка 2013”, истакнуваат од групацијата.


Видете следно

Компактни спортски автомобили во врвна форма: Новиот Audi TT RS Coupé и Новиот Audi TT RS Roadster

Audi Sport го прикажа врвниот модел на серијата TT, со уште подинамичен изглед, новиот TT …