ФОРМИРАН КЛУБ ЗА МЕНТАЛНА ХИГИЕНА


“Недела на дизајн во Скопје”, (Skopje Design Week) оваа година е под мотото ментална хигиена, алудирајќи на тоа дека негувањето на продуктивноста и иновативноста не треба да се случува само околу Неделата на дизајн, туку преку целата година. Skopje Design Week има амбициозна агенда да ги “зарази” сите да се грижат подобро за себе со тоа што во погон ќе ја стават својата ментална сила во насока на конструктивност и иновативност за големиот број на проблеми со кои се соочуваме секојдневно.

Тоа е единствениот начин преку кој ќе се спротивставиме на сивилото, прозаичното и некреативното окружување. Тоа се нашите вода и сапун за превенција од ментална нечистотија. За оваа цел Skopje Design Week иницираше клуб за Ментална Хигиена кој на самиот почеток брои 20 членови од различни бранши: графички дизајн, издаваштво, моден дизајн, театар, музика, архитектура, филм, медиуми, јога, продукт дизајн…кои ќе делуваат во своите кругови. Членовите се познати на македонската јавност преку заедничките црти, а тоа се автентичност, оригиналност и иновативност, а клубот е отворен за сите други кои се приклучуваат на мисијата на оваа платформа.

Skopje Design Week се отвора на 27. ноември, и ќе трае до 1.декември, но и пред а и по самиот фестивал организацијата не запира со активности.

Го основавме клубот на ментална хигиена со иницијалната група на членови кои ќе дадат поддршка во концептот да бидеме ментално над површината и да не потпаѓате под нивото на некои стандарди. Клубот нема да заврши со затворањето на Skopje Design Week, туку ќе се зголемува во бројот на членови и активности со цел да ја задржиме менталната чистота во нашето општество. Од тие причини се охрабруваат граѓаните на Македонија да ја следат платформата www.ministryofpleasure.net да се приклучат што поскоро кон клубот на ментални хигиеничари. – изјави Тамара Георгиевска, менаџер на Skopje Design Week


Видете следно

Поранешниот премиер на Непал, Мадхав Кумар Непал ќе одржи предавање на Меѓународниот Балкански Универзитет

Поранешниот премиер на Непал, Мадхав Кумар Непал ќе одржи почесно предавање на Меѓународниот Балкански Универзитет. …