Формирани мобилни тимови на Црвен крст за набавки на неопходни продукти за лица во самоизолација


Министерството за труд и социјална политика ја информира јавноста дека се формирани  мобилни тимови на Црвен крст  чија задача е да вршат неопходна набавка на прехранбени производи, лекови и средства за лична хигиена за лицата во самоизолација и истите да ги достават до домовите. Мобилните тимови се составени од лица од тимовите за одговор при катастрофи и обучени лица за давање основна медицинска помош.

Сервисната услуга на мобилните тимови на Црвениот крст е бесплатна, а граѓаните треба да одвојат финансиски средства само за артиклите  кои ќе треба да им се набават. Мобилните тимови овозможуваат поддршка на лицата на кои таа им е најнеопходна и кои поради мерките и препораките за заштита и превенција од коронавирусот не можат да ги напуштаат своите домови.

Во продолжение контактите по градови:

ООЦК/ЦКГС

Број за контакт

Временска рамка на функционирање

Битола 047 236 019 08 – 12 часот
Делчево 033 412 010 09 – 13 часот
Велес 078 254 729, 075 272 485, 075 247 637 08 – 18 часот
Кавадарци 070 239 352  
Кичево 045 225 324 08:30 – 12 часот
Кочани 071 373 677 09 – 14 часот
Крушево 071 379 920 08 – 12 часот
Охрид 046 261 909, 070 315 309, 13 112 08 – 16 часот
Свети Николе 032 443 171, 074 600 171 08 – 13 часот
Струга 071 398 424 08 – 12 часот
Струмица 071 345 901 10 – 12 часот
Тетово 044 336 374 09 – 15 часот
Штип 074 203 030 08 – 16 часот
Црвен крст на град Скопје – Тим за бездомници 02 3096 227 08:30 – 12:30
Чаир 070 208 383, 02 2621 924 08:30 – 12:30
Карпош 071 349 230, 02 3068 806 08:30 – 12:30
Кисела Вода 071 349 225, 02 3211 417 08:30 – 12:30
Гази Баба 071 243 078, 02 2529 153 08:30 – 12:30
Центар 070 297 166, 02 3115 029 08:30 – 12:30
Куманово 075/207-126 и 077/719-494 08 – 16 часот
Крива Паланка 078 303 060  
Радовиш 072 277177  
Гостивар 042 216 488  
Валандово 071239849, 078325978 10 – 14 часот
Гевгелија 071-714-105  
Демир Хисар 047-276-861; 071-505-724 8.30 – 14.30

 

 


Видете следно

Донација од Еуроникел Индустри за Општата болница во Кавадарци

Еуроникел Индустри за Општата болница во Кавадарци донираше пет медицински апарати: дефибрилатор, ЕКГ апарат, инфузомат, …