Форум: „Како да се подобри соработката меѓу граѓанските организации и локалните власти“


Цивика мобилитас денеска ќе одржи форум на тема „Како да се подобри соработката меѓу граѓанските организации и локалните власти“ на платформата Зум.

Целта на форумот е да поразговараме за тоа каква е и како може да се подобри соработката помеѓу граѓанските организации и општините, земајќи предвид дека имаат иста целна група, граѓаните.


На настанот ќе зборуваат претставници на три граѓански организации и тоа: Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации; Билјана Бејкова од НВО Инфоцентарот и Слаѓан Пенев од ФОРУМ – Центарот за стратегиски истражувања и документација. Нивните излагања ќе се однесуваат на досегашната соработка со општините, поддршката во подготовка на стратешки документи, функционирањето на инспекциските служби на локално ниво, отвореноста на општините и можностите за соработка преку нив и со нивните јавни претпријатија.

Покрај нив, на Форумот ќе се обрати и Душица Перишиќ, извршна директорка на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС). На Форумот поканивме и повеќе градоначалници, да ги споделат своите искуства или визии за соработката со граѓанските организации.


На Тематскиот форум ќе учествуваат претставници на грантистите на Цивика мобилитас и на другите граѓански организации како и други заинтересирани страни.


Видете следно

ЕДУФРОНТ во најава на нови уписи со бесплатни денови за запознавање со дигиталните патеки

Гордана Мишевска, сопственик и директор на Едуфронт, онлајн компјутерски центар за деца од 8-14 год. …