Breaking News

Форум на жени лидери од Југоисточна Европа за добро владеење и антикорупција


Настан за промоција на Форум на жени лидери од Југоисточна Европа за добро владеење и антикорупција, инициран од вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, и поддржан од UN WOMEN, RAI и UNODC ќе се одржи денеска во Скопје.


Како што информираат од Владата, целта на форумот е да се создаде регионална мрежа на жени лидери кои се стремат да го зајакнат лидерството на жените во општеството, преку професионален развој и меѓународно вмрежување за размена на најдобри практики, искуства и меѓусебна поддршка за градење подобри општества за сите.


Воведни обраќања на форумот ќе имаат вицепремиерката Грковска, генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Марија Шмид, амбасадорката на САД во Северна Македонија, Анџела Агелер, Весна Ивановиќ, раководителката на програмската канцеларија на UN Women, Десислава Гоцкова, шефица на Секретаријатот на Регионалната иницијатива против корупцијата (RAI) и Џенифер Сарвари Бредфорд, експерт за спречување криминал и кривична правда од Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC).

По воведните обраќања ќе се одржат две панел дискусии насловени „Како женското лидерство може позитивно да влијае на доброто владеење и демократскиот развој во регионот?“ и „Жените во граѓанското општество и истражувачкото новинарство – клучна алка во градењето на подобро општество за сите“. ар/лв/


Фото: МИА архива