ФОРУМ: СТРАТЕШКИ РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ И ЕФЕКТИТЕ НА ДРЖАВНАТА ПОЛИТИКА ЗА НЕГОВА ПОДДРШКА


Стопанската комора на Македонија, во рамките на Проектот на УСАИД: „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, четиригодишен проект финансиран од УСАИД Македонија, имплементиран од „ЕПИ Центар Интернационал“, а во соработка и со Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанската комора на Северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија, организира Форум на тема: „Стратешки развој на туризмот и  ефектите на државната политика за негова поддршка“.

На Форумот ќе присуствуваат претставници на бизнис заедницата, владини претставници, како и домашни и странски експерти кои ќе ги споделат своите искуства и ќе дадат предлози за развивање на секторот за туризам и угостителство, како и за усогласеноста на компаниите со законската регулатива во Република Македонија.

Целта на Форумот е да се отвори дискусија за фактичката состојба на секторот за туризам и угостителство во Македонија, како и негово развивање и поддршкa од страна на државата преку креирање нови туристички производи, услуги и алатки со цел да ја направат Македонија атрактивна туристичка дестинација.

Форумот ќе се одржи на 6 декември 2018 година (четврток), со почеток во 11:00 часот, во просториите на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид (предавална V).

 


Видете следно

Во Фондот за иноваци и технолошки развој презентиран предлог концептот за идниот НТП

Во Фондот за иновации денеска беше презентиран Нацрт предлог за основање на Научно технолошки парк …