Breaking News

(ФОТО) Поточиња влегуваат во финални подготовки за јубилејното 20 издание!


Големиот јубилеј од неверојатни 20 години постоење на македонската музичка сцена се наближува за Детскиот Фестивал Поточиња, и самите припреми за истиот веќе влегуваат во напредна и финална фаза односно дечињата-носителите на детската песна веќе на големо се подготвуваат за Поточиња 2023 играјќи ги и пеејќи ги новите детски хитови.


Новото јубилејно 20-то издание ќе се одржи во Македонската Филхармонија на 13 и 14. мај, овие два дена ќе бидат вистински празник за македонската детска песна исполнети со по три претстави во денот од 11,13 и 19 часот. Билетите се сеуште во продажба и можат да се набават ТУКА – https://mktickets.mk/en/concerts-en/potocinja13/


Во продолжение ги прикажуваме последните проби на Поточињата пред самиот Фестивал!