По успешното претставување на изложбата „Таму“ на Милчо Манчевски во Софија, денеска таа ќе биде поставена и во Бургас, во Центарот за современа уметност и библиотека. Колор делата на тема улична фотографија, на светски познатиот режисер Милчо Манчевски, ќе бидат достапни за публиката до 31 октомври.
Реализацијата на оваа изложба е плод на успешна соработка меѓу Културно-информативниот центар на РСМ во Софија и Општина Бургас, информираа од Културно-информативниот центар на РСМ во Софија.