Франција сака да се одмазди на САД


Франција е бесна на Америка. Откако Вашингтон воведе рекордна парична казна на нејзината банка BNP Paribas и нејзините забрани да тргуваат со долари, Париз подготвува одговор – да ја нападне доминацијата на американската валута.

Легендарниот француски претседател Шарл де Гол е познат по тоа што никако не сака долари и доминацијата на светскиот девизен пазар. Тоа го докажа уште во 60-тите години со испраќањетобродови за да го приберат француското злато од САД назад во Париз.

Сегашниот министер за финансии на земјата Мишел Сејпиен очигледно одлучил да тргне по стапките на де Гол. Тој тврди дека е потребна реформа на глобалниот монетарен пазар, за да се врати рамнотежата меѓу Европа и САД. “Ние Европејците си продаваме меѓусебно авиони со долари. Потребно ли е тоа навистина? Мислам не”, вели Сејпиен.

Министерот посочи и дека се планира рекордна парична казна, која САД сака да ја даде на француската банка BNP Paribas од 8,9 милијарди долари поради кршење на “ембаргото” за трансфер на пари во земјите како Иран. Тоа е и најголемата казна која воопшто европска банка ја има добиено.

Франција не е единствената земја која сака да се намали моќта на американската валута. Покрај кризата во Крим, Русија исто така започна активности во оваа насока. Кина од своја страна одамна се обидува да го наметне јуанот во Азија.

 



Видете следно

За една недела ОТСТРАНЕТИ 218 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ

Во текот на изминатата недела (14.02 – 20.02.2020 година) со специјалните возила пајак се подигнати …