hdrpl

Французите Џереми Ури и Милош Лисински со најголемиот 3Д мапинг досега


Вечерва, во склоп на фестивалот „Бела ноќ“, посетителите ќе можат да го видат најголемото 3Д мапирање на фасадна површина досега.
На булеварот Св. Кирил и Методиј (М.Х. Јасмин), фасадата на катната гаража 26 јули ќе се осветли со светлосна јачина од 80.000 АНСИ лумени.
Перформансот е дело на двајца реномирани француски визуелни уметници, Џереми Ури и Милош Лисински. Помеѓу многубројните меѓународни настапи и признанија, Ури и Лисински се и првите победници на натпреварот во 3Д мапирање на Фестивалот на светлината Skopje Light Art District 2019 и носители на фестивалското Гран При, наградата „Златко Славенски“.

Пред публиката Ури и Лисински ќе се претстават со делото наречено „Соларно во Скопје“ (Solaire in Skopje).

Скопјани ќе можат да ја погледнат 3Д проекцијата почнувајќи од 20:00 часот па сѐ до полноќ, а проекциите ќе се повторуваат на секои 15 минути.

Видео линк од проба: https://youtu.be/rXMTVcZ-VAo


Видете следно

Приказна за гипсот раскажана во 25 години

Велат дека е материјал на иднината. Но, е материјал и на минатото. Од антиката до …