Фунтата поскапе по првите резултати од референдумот во Шкотска


Курсот на британската фунта скокна на светските пазари, достигнувајќи максимални вредности за последните две години. Ова се случува на позадината на првите резултати од гласањето на референдумот за независност на Шкотска кои покажуваат дека мнозинството не ја поддржува идејата за отцепување од Велика Британија.

При отворањето на утринската трговија курсот на еврото поевтини во однос на фунтата и заедничката европска валута достигна 0.7809 за фунта на Токиската берза и 0.7882 – на њујоршката.

Во исто време курсот на фунтата во однос на доларот се зголеми до 1,6522 долари за фунта, во споредба со 1.63890 при затворањето на берзите.

Според проектираните резултати од референдумот во Шкотска, противниците на независноста ќе добијат 54%, додека поддржувачите за отцепувањето од Велика Британија е 46 отсто, информира МИА.


Видете следно

Регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата – почина една жена од околината на Струга

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани  22 нови случаи на …