Гасификацијата има сериозен прогрес, ќе можеме да ги снабдуваме Косово и Црна Гора, вели Бочварски


Скопје, 22 ноември 2020 (МИА) – Во врска со процесот на гасификација на државата пред две до три недели имавме посета, заедно со премиерот и со други министри направивме увид на кракот од Скопје до Тетово, кој потоа ќе оди кон Гостивар, таму е 65 отсто готова работата. Кон Битола и над 80 отсто е завршен проектот. Набрзо ќе се приклучиме на кракот во Грција и ќе имаме два извора. Нашата држава станува сериозен играч на пазарот со гас, затоа што потоа проектот ќе продолжи кон Косово, односно ќе можеме да го снабдуваме Косово, а понатаму и Црна Гора, но и дома да имаме гас насекаде. Ова е огромен проект, кој немал 25 години поместување, а сега имаме сериозен прогрес кој ќе доенсе бенефит на граѓаните, така ќе помогнеме на економијата, но и на домаќинствата, вели министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.Во врска со Коридорот 8, односно патната инфраструктура кон Бугарија, министерот изјави дека Северна Македонија придонесува кон развивањето на односите и подобрувањето на патната комуникација.-Треба да развиваме појасни и посилни инфраструктурни проекти со Бугарија, дел од ова е и Коридорот 8, ако зборуваме за патната инфраструктура, источниот крак од Скопје до границата со Бугарија чини околу 100 милиони евра, што значи ние даваме енергија и придонес за развој на односите со Бугарија. Практично го рехабилитираме постоечкиот пат, го средуваме експресниот пат од Ранковце до Крива Паланка, кој ќе биде исто така дел од целиот проект. Значи инвестираме 100 милиони евра во патиштата. Некаде се јавуваат проблеми со експропријација, имаме понекогаш застој, во моментов се откажа една од компаниите изведувачи, па сега преговараме за друга компанија, но ние не сме се откажале никогаш од патната комуникација со Бугарија, изјави синоќа министерот Бочварски на вестите на Сител.Прашан и за автопатот Кичево – Охрид, министерот истакна дека нема да прогнозира кога ќе заврши целиот проект, но, како што реке тој проект напредува.-Во врска со патот Кичево – Охрид јас сум во комуникација со сите кои работат. Спремни сме да влеземе и во законски измени заради експропријација во некои делови. Таму имаме такви случаи, но имаме и добри сигнали, се работи и оваа есен, има 470 машини, имаме 860 работници на овој проект, 58 отсто од работите се завршени, особено непредвидените клучки, имаме потрошено 350 милиони евра за реализација на овој проект. Не би проценувал рок на завршување, до моментот кога би видел дека целиот проект е завршен, тогаш ќе бидам сигурен. Добар сигнал е дека се одглавуваат проектите и дека се движат работите, рече Бочварски. сст/мд/


Видете следно

Се воведува редовна авиолинија Скопје-Киев

На релацијата Скопје-Киев од 6 декември (недела) се воведува редовна авиолинија. Новите летови, што се …