ГДУ предложи воведување на еднократен паушален надоместок за користење на автопатите без ограничување


За да бидеме дел од Европа или како што властите милуваат да кажат Европа да ја донесеме овде, мора да почнеме да функционираме европски, изјави Дарко Попски на прес конференцијата од Граѓанско Демократска Унија-ГДУ.

„Од македонската метропола за да стигнете до Охрид ви требаат повеќе од два часа. Притоа се вози само 170 килиметри. Освен што амортизерите на автомобилот ќе ви попуштат од дупките на секој метар, се губи време и во чекање на наплатни рампи.

Само во Македонија на секои 20 до 30 километри се инсталирани наплатни пунктови за патарина, каде во утринските и попладневните часови постојано има гужви. Притоа да не заборавиме дека има во оваа држава и такви на кои наплатните рампи им се креваат без да платат. Многумина биле сведоци на такви ситуации кога некој вози џип или автомобил кој чини колку еден стан, а не плаќа 30 или 40 денари за патарина.

За да се спречат ваквите злоупотреби и да се избегнат гужвите, ГДУ предлага воведување на еднократен паушален надоместок за користење на автопатите без ограничување. Да се воведат месечни, неделни или годишни претплати со налепници.

Ваков систем функционира во Швајцарија, Словенија, Унгарија, Чешка, Словачка, Бугарија. Сличен систем има и во Австрија. Во Европа има различни начини на плаќање на автопатиштата, но никаде не функционира како кај нас.

Нашиот став е јасен, само со европски мерки сме поблиску до Европа! И ние нема да отстапиме од тоа“, додава Попоски!


Видете следно

На денешен ден беше застрелан, а остана еден од најголемите музички икони на дваесетиот век

Џон Винстон Ленон е роден на 9 октомври 1940 е познат како пејач, композитор и …